Search

Мбапе пресекол, се сели во Реал Мадрид

Шпанскиот весник „Марка“, тврди дека Реал Мадрид и Килијан Мбапе се договориле, тој од следната сезона ќе го носи белиот дрес на кралскиот клуб. Мбапе синоќа на гала вечерта на францускиот фудбал, рече дека донел одлука за својата иднина, но се уште нема да ја соопшти.

-Мора да ги почитуваме сите страни. И јас се брзам. Но не само јас. Готово е, останаа само некои детали, но готово. Јас го направив мојот избор, ќе бидете познат наскоро“, изјави одличниот фудбалер.

Мбапе синоќа е избран за најдобар фудбалер во Франција, а во Реал Мадрид ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот со ПСЖ му истекува во јуни. Пресудила неговата желба да игра за „кралскиот клуб“.

„Марка“ тврди дека одлуката на Мбапе е Реал Мадрид, тој постигнал договор со кралскиот клуб и покрај огромниот притисок кој го имал во Франција.

Мбапе имаше притисок од челниците на ПСЖ, од навивачите, па дури и од политичарите како Макрон, но успеал да одолее на сето тоа и да се договори со Реал Мадрид.

Флорентино Перез ја искористил желбата на Мбапе да игра за Реал Мадрид и со умешни преговори успеал да го договори неговиот потпис.

Реал Мадрид ќе молчи за договорот со Мбапе се додека самиот фудбалер прво не потврди дека ќе го напушти ПСЖ.

Мбапе ќе потпише петгодишен договор со Реал Мадрид, ќе има огромна откупна клаузула, а неговата плата ќе биде значително помала од тоа што му го нудеше ПСЖ.

Треба да знаете
Последни објави