Search

Мбапе пред дуелот со Јунајтед: Имаме силен тим, но тоа не е доволно за да ја освоиме ЛШ

Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе изјави во пресрет на првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на Шампионите против Манчестер Јунајтед дека ПСЖ може да ја освои Лигата на шампионите во иднина.

Првата средба со „црвените ѓаволи” ќе се одржи на 12 февруари во Англија, а младиот талент изјави дека верува во можностите на својот тим да го крене трофејот ако не оваа година, тогаш во следните сезони и дека верува во иднината на ПСЖ.

– Освојувањето на Лигата на шампионите не е лесно, треба да продолжиме да се бориме и никогаш да не се предаваме. Мислам дека нашето време ќе дојде, но не треба да брзаме премногу. Само треба да продолжиме во истиот дух. Сè зависи од нашиот тим, ние треба да си ја вршиме работата. Создадовме навистина силен тим. Мислам дека е забележително. Сега треба да одиме подалеку, бидејќи тоа не е доволно за да ја освоиме ЛШ. Стануваме посилни, напредуваме, работиме секој ден . Треба да продолжиме да се движиме во таа насока, изјави Мбапе пред „ФорФор Ту”.

Треба да знаете
Последни објави