Search

Мбапе: Останувам во ПСЖ и другата сезона

Вториот најскап фудбалер во историјата, Килијан Мбапе стави крај на шпекулациите кои го поврзуваат едвај не за сигурно ново засилување на Реал Мадрид од новата сезона.

Светскиот шампион со Франција е категоричен дека нема да го напушти Пари Сен Жермен и се уште верува во проектот на катарските милијардери, кои го управуваат.

Тоа доаѓа непосредно по уште една елиминација во Лигата на Шампионите по поразот со 1:3 на „Парк де Пренс” од Манчестер Јунајтед. Многу фанови се сомневаат во посветеноста на ѕвездите по оваа отпаѓање, но Мбапе смета дека тоа не е случај.

– Јас сум шокиран и немам зборови по она што се случи. Тешко е да се прифати сето тоа. Работевме толку многу, за да дојдеме до таа позиција во сезоната, но бевме елиминирани. Фудбалот сепак не запира и треба да ги кренеме главите, за да продолжиме да ги следиме нашите цели. Мислам дека ако продолжиме да се поддржуваме еден со друг, ќе успееме да постигнеме нешто посебно со овој клуб. Јас ќе бидам тука сигурно и следната сезона, па ајде ставиме точка на овие шпекулации. Да не зборуваме за мојата иднина, кога таа на ПСЖ е поважна, рече Мбапе

Треба да знаете
Последни објави