Search

Мајк Џејмс се пресели од Бруклин во Монако

Американскиот кошаркар Мајк Џејмс по една сезона мината во НБА лигата се враќа на европскиот континент, откако се согласи на трансфер од Бруклин во Монако.

Џејмс ќе се обиде да му помогне на францускиот тим во дебитантската сезона во Евролигата во која Американецот беше меѓу најдобрите кошаркари изминати години.

Минатата сезона Џејмс кратко престојуваше во редовите на Бруклин и зад себе во НБА лигата остави статистика од 7.7 поени и 4.2 асистенции по натпревар.

– Мојата цел е Монако да победи во што е можно повеќе натпревари во Еролигата. Сакам да бидеме конкурентни, иако сме аутсајдери во ова елитно опкружување, изјави 31-годишниот Џејмс.

Треба да знаете
Последни објави