Search

„Мајкрософт“ ќе ги замени новинарите со роботи

Десетиците новинари кои работат на веб страницата, „Мајкрософт“ ќе ги замени со вештачка интелигенција и автоматски системи ќе одлучат кои статии ќе бидат објавени, пишува Би-Би-Си.

Новинарите во моментов се одговорни за избор на статии од различни медиуми и фотографии и создавање наслови на веб-страницата на „Мајкрософт“.

Задачата ќе ја преземе вештачката интелигенција, изјавија извори за Сиетл Тајмс.

„Мајкрософт“ соопшти дека станува збор за промена како дел од деловната проценка.

„Како и другите компании, ние редовно го проценуваме нашиот бизнис. Ова може да резултира во зголемени инвестиции во одредени сегменти и, од време на време, прегрупирање во други. Овие одлуки не беа донесени заради тековната пандемија”, се вели во соопштението на „Мајкрософт“.

Околу 50 хонорарни новинари ќе го загубат договорот со „Мајкрософт“ до крајот на јуни, пишува Сиетл Тајмс, но вработените со полно работно време нема да бидат отпуштени од работа.

Некои отпуштени новинари укажаа на можноста вештачката интелигенција да не ги знае строгите правила на уредување, така што несоодветна содржина би можела да заврши на веб-страницата.

Треба да знаете
Последни објави