Search

Мајкрософт ја продолжува соработката со Хуавеј

Одлуката на aмериканската Влада да го стави Хуавеј на црна листа доведе до загриженост дека таа компанија ќе ја загуби соработката и поддршката од американските фирми како што се Гугл и Мајкрософт.

Особено загрижени беа сопствениците на лаптопите Хуавеј, кај коишто на крајот од минатиот месец сите траги од Mejтбук икс про модел, исчезнаа, па подоцна голем дел од компонентите беа вратени.

Мајкрософт преку Пи-си Ворд потврди дека Виндоуз лаптопите на Хуавеј и натаму ќе добиваат софтверска поддршка, и покрај одлуката на американските власти за забрана на трговијата со кинеската компанија.

– Нашата почетна проценка на одлуката на американското Министерство за трговија во однос на Хуавеј покажа дека може да ја продолжиме понудата за надградувања на Мајкрософт софтверот кај корисниците на Хуавеј уредите, соопшти претставник на американскиот гигант.

Тоа се совпаѓа со претходно соопштение на кинеската фирма, каде што, исто  така, стои дека сите Хуавеј компјутери ќе продолжат да ја добиваат Мајкрософт поддршката, како и Андроид надградбите за Хуавеј паметните телефони и таблетите.

Сличен е ставот и на Интел, околу Хуавеј уредите коишто користат Интел процесори. Меѓутоа, тие ажурирања ќе важат само за Хуавеј уредите што се досега произведени.

Треба да знаете
Последни објави