Search

Мајкл Б. Џордан снима сцени од новиот филм во режија на Дензел Вашингтон

Мајкл Б. Џордан и Дензел Вашингтон во средата беа забележани додека ја снимаат претстојната драма „Весник за Јордан“ во близина на таверната „Лејн минета“ во Њујорк.

Џордан (34) носи кафеава јакна над портокалова маица и сини фармерки. Актерот, кој минатата година беше прогласен за најсекси маж во светот, носи црна заштитна маска, која подоцна ја замени со штит за лице додека се освежува со пијалак за време на снимањето сцена од претстојната драма во режија на Дензел Вашингтон.

Вашингтон (66) носи црна капа од „Њујорк јенкис“, со црна маска за лице.

Сторијата на филмот е фокусирана на врската помеѓу наредникот Чарлс Монро Кинг и новинарката Дана Канеди, чии мемоари од 2008 година даваат материјал за филмот.

Треба да знаете
Последни објави