Search

Мајка од Австралија ја забележала смртоносната змија кај децата, но само на фотографија

Мајката Алана се шетала со своите деца во близина на нивниот дом во Ескдејл, Австралија. Братот и сестрата се играле безгрижно, а мајката ги фотографирала.

Но, кога ја видела фотографијата по прошетката, таа се исплашила. Опасност ги демнела на патеката.

Покрај десната нога на нејзиниот син, таа забележала смртоносна источна кафеава змија. Поточно, нејзиното каснување за само неколку минути може да предизвика срцев удар.

Источната кафеава змија (Pseudonaja textilis) има втор најсилен отров меѓу сите змии, зад копнениот тајпан кој исто така живее во Австралија.

Тоа е агресивна и брза змија одговорна за најголемиот број смртоносни каснувања од змии во Австралија.

Таткото на Алана, Марк, ја испратил фотографијата на ’ловецот на змии’ Бери Голдсмит, кој утврдил дека станува збор за источна кафеава змија.

„Оваа фотографија покажува дека змиите не се агресивни и треба да се почитуваат“, рекол Голдсмит, чија изјава налутила многу Австралијци.

Треба да знаете
Последни објави