Search

Мајка и четири деца убиени во напад на нарко картел во Мексико

Најмалку пет државјани на САД, мајка и четири деца се убиени во насилен напад, извршен најверојатно од нарко картел, во северниот дел на Мексико, пренесуваат американските медиуми.

За жртвите се вели дека се членови на семејството Лебарон, поврзани со отцепената заедница Мормон, која се населила во Мексико пред неколку децении.

На местото на настанот има изгорен автомобил, а некои жртви, се претпоставува дека биле запалени живи. Уште неколку луѓе се водат како исчезнати. Локалните медиуми јавуваат дека нападот можеби е случај на погрешен идентитет.

Членовите на семејството Лебарон рекле дека голема група од три мајки и 14 деца тргнале во конвој со автомобили од Бависп во државата Сонора и се упатиле кон Ла Мора во соседната држава Чихуахуа. За некои се верува дека имаат двојно американско-мексиканско државјанство.

Треба да знаете
Последни објави