Search

Мајка и син во Бања Лука заразени со коронавирусот побегнале од инфективната клиника

Мајка и син во Бања Лука заразени со коронавирусот побегнале од болница каде биле хоспитализирани. Тие најпрво биле сместени во студенски дом, но не биле задоволни од условите па биле префрелени на инфективната клиника во Бања Лука, од каде побегнале синоќа околу 21.15 часот.

На бегството му претходела закана од синот дека ќе скокне од петтиот кат во судентскиот дом поради лошите услови, по што биле префрлени на инфективната клиника во Бања Лука.

Случајот е пријавен во полицијата и кај надлежен јавен обвинител. Двајцата биле заразени од коронавирусот и се опаснот за ширење на овој вирус меѓу населението. Ќе одговраат за пренесување на заразна болест и непостапување според упатставата на здравствените власти во услови на епидемија.

 

Треба да знаете
Последни објави