Search

Мајката на пијан и уапсен скопјанец направила хаос во ПС Карпош

Скопјанка и нејзиниот син се приведени вчера, откако и двајцата агресивно се однесувале кон полицијата и го нарушиле јавниот ред и мир, информирше МВР.

-На 29.06.2020 во периодот од 03.50 часот до 06.10 часот на подрачје на Карпош, полициски службеници од ПС Карпош ги привеле С.Л.(22) и Л.Н.Е.(45), двајцата од Скопје, бидејќи Во 03.50 часот на крстосницата од булеварот Партизански одреди со улицата Бледски договор, С.Л.(22) кој бил во алкохолизирана состојба го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници. Тој бил приведен во ПС Карпош, каде во 06.10 часот дошла Л.Н.Е.(45) која  го нарушила јавниот ред и мир со агресивно однесување, бидејќи не ѝ било дозволено самоволно и без дозвола да влезе во просторија каде бил нејзиниот син ,кој бил претходно приведен, велат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок

 

Треба да знаете
Последни објави