Search

Мајката на Емилијано Сала: Кардиф мора да плати за тоа што се случи

 На крајот на месец јануари ужасната вест за исчезнувањето на Емилијано Сала и пилотот Дејвид Иботсон го потресе фудбалскиот свет. Напаѓачот потпиша договор со Кардиф, кој го купи од Нант за 15 милиони фунти. Авионот на двајцата се урна на патот од Франција кон Велс, а подоцна беше пронајдено телото на аргентинскиот голгетер, но и понатаму не се знае каква е причината за трагедијата.

 

Мајката на фудбалерот, Мерседес Тафарел смета дека тимот од Премиер лигата не постапува правилно, откако не го плаќа износот на францускиот тим. Меѓу двете страни има формален договор, но во моментов од Кардиф одбиваат да ја платат сумата, додека не заврши истрагата.

„Емилијано потпиша пред очите на јавноста, пред очите на сите, за тоа Кардиф треба да плати. Сметам дека ова однесување е срамно за мене и моето семејство. Кардиф можат да направат своја истрага за да се разбере вистината и тоа ми се допаѓа, но тие не го почитуваат дадениот збор“, рече мајката на Сала.

Треба да знаете
Последни објави