Search

Мајами може да го ангажира Милсап доколку Краудер го напушти тимот

Доколку Мајами хит го загуби Џое Краудер во периодот до почетокот на новата сезона, тимот ќе се обиде да го донесе искусниот кошаркар на Денвер, 35-годишниот Пол Милсап. Евентуално, опција е и центарот на Феникс, 33-годишниот Арон Бејнс, објави „The South Florida Sun-Sentinel”.

„Жешките” би сакале да го задржат Краудер, но не можат да му понудат долгорочен договор, бидејќи сакаат да остави што повеќе слободен простор во финансискиот план за потпишувањето на Јанис Адетокумбо во 2021 година.

Краудер му се придружи на Мајами заедно со Андре Игуодала и Соломон Хил во февруари оваа година, оставајќи го Мемфис во трилатерална размена.

Треба да знаете
Последни објави