Search

Мајами го победи Феникс со 22 погодени тројки, Сабонис со 42 коша ја реши Јута

Мајами е изненадувањето на вечерта во НБА-лигата, убедливо го совлада најуспешниот тим оваа сезона Феникссо 123-100. „Жеките“ дојдоа до 25 победа со која го држат третото место на табелата во Источната конференција, додека на другата страна Санси и натаму остануваат лидери со една победа повеќе од Голден Стејт.

Кошаркарите на Мајами беа неверојатни во реализацијата за три поени, од 44 обиди погодија 22 и го изедначија клупскиот рекорд.

Тајлер Хиро постигна 33 поени за личен рекорд оваа сезона, Робинсон постигна 27 поени од кои осум тројки. На другата страна кај Феникс, Девин Букер имаше 26 поени.

Одлична вечер имаше Литванецот Домантас Сабонис, кој постигна 42 поени во победата на Индијана над Јута од 125-113. Тој имаше 18/22 од игра и со 42 поени постави личен рекорд.

Јанис Адетокумбо пружи уште една неверојатна партија, која за жал не беше доволна за победа на неговиот тим. Грчкиот ѕвер постигна 43 поени и 12 скока, но Милвоки беше поразен со 114-106 од Шарлот.

На останатите средби Детроит беше подобар од Орландо со 97-92,  додека Бостон од Њујорк со 99-75.

Треба да знаете
Последни објави