Search

Машки ескорт открива што бараат жените од него

Машки ескорт открива што бараат жените од него

Рајан Џејмс имал добра работа во финансиите кога решил да стане машки ескорт.

Инспириран од поранешната девојка, која веќе била во оваа индустрија, Џејмс ја оставил сигурната работа во корпорацијата и сега наплатува меѓу 400 и 6.000 долари за своите професионални сексуални услуги.

Мускулестиот 31-годишник од Сиднеј зборува за тоа зошто жените ги бараат неговите ескорт-услуги и како им признал на семејството и пријателите со што се занимава.

„Јас веднаш не му кажав на моето семејство што правам. Речиси веднаш им кажав на моите пријатели, но семејството дозна подоцна“, рече тој.

„Имаше секакви реакции, но семејните врски останаа исти. Оваа работа не е нешто што родителот би го избрал за своето дете“, објаснува тој.

Нарекувајќи ја својата работа наградувачка, Џејмс исто така открива кое е најчестото барање од жените што ги користат неговите услуги.

„Жените најчесто бараат состанок со вечера. Сценариото вклучува типичен вечерен оброк и запознавање по што следува враќање во хотелот или во станот на клиентот за приспособено и лично искуство“, рече тој.

На неговата веб-страница ова искуство се нарекува луксузно вечерно излегување, а Џејмс наплатува 3.500 долари за шест часа релаксација и задоволство или 4.500 долари за една ноќ со појадок.

Во интервју за FEMAIL за тоа што жените вообичаено бараат открива дека не е во прашање само секс – туку некој вид дружење и разговор.

Треба да знаете
Последни објави