Search

Машката кошаркарска репрезентација напредуваше едно место на листата на ФИБА

Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Северна Македонија е рангирана на 29. место на европската рејтинг листа на ФИБА, односно на 52. позиција во светски рамки според Светската кошаркарска федерација.

Вака рангирани „црвено-жолтите” направија еден чекор понапред во листата на ФИБА за тековната 2021 година.

Во овој момент, нашите противници во „Г” квалификациската група за Светскиот Куп 2023, селекцијата на Грузија, со која ќе се соочиме во февруари е на 38. место во светот, додека селекцијата на Украина е на 32. место.

САД се на врвот на табелата кои 2021 година ја затвораат со 763.3 освоени поени, а зад нив е Шпанија со 724.1 поени.

Треба да знаете
Последни објави