Search

Матиќ ги збесна Англичаните

Репреентативецот на Србија и фудбалер од средниот ред на „Манчестер Јунајтед“, Немања Матиќ е единствениот играч на дуелот меѓу „црвените ѓаволи” и „Бурнемут“ (2:1) кој не им оддаде почит на британските војници загинати во Првата светска војна, но, исто така и на војниците на НАТО.

Постапката на Матиќ предизвика вистинска бура на островот па многумина на социјалните мрежи беа бесни, а во клубот биле изненадени.

Според „Телеграф”, кога на Матиќ пред натпреварот на дресот му залепиле цвет на афион, Србинот зачудено прашал што е тоа. Кога му рекле дека тоа е во чест на убиените британски војници, вклучително и во мисиите на НАТО, по што тој одби да излезе на теренот.

„Ја бомбардиравте мојата земја, нема шанси ова да го носам. Ако е така, веднаш сум подготвен да го напуштам клубот и Англија, им рекол Матиќ на луѓето во клубот“.

Сепак, Србинот без цветот одигра против „Бурнемут“, а играчите не се обврзани да го носат овој симбол, ниту Сојузот не ги казнува поради тоа.

 

Треба да знаете
Последни објави