Search

„Матиз“ прегази пешак во Кичево

На 18.09.2019 во 11.30 часот на регионалниот пат Кичево – Осломеј, патничко возило „шевролет матиз“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ј.У.(76) од кичевското с.Србица, удрило во пешакот Л.А.(67) од с.Туин, кичевско. Во незгодата Л.А. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Кичево. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.

Треба да знаете
Последни објави