Search

Мас: Скопје и Тирана да продолжат со реформите на патот кон ЕУ

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас ја поздрави одлуката на Бундестагот за почеток на преговорите за членство на Северна Македонија и на Албанија во ЕУ.

Мас рече дека одлуката го подвлекува значењето кое Западниот Балкан го има за ЕУ, а истовремено јасно се става до знаење дека реформите се ценат, пренесе „Дојче Веле“.

„Обете земји мораат да ги продолжат реформските напори, за да го продолжат патот кон ЕУ. Јас сум убеден дека условениот пристап на Бундестагот ќе убеди и други во ЕУ да го одобрат почетокот на преговорите“, изјави германскиот министер за надворешни работи.

Треба да знаете
Последни објави