Search

Мас: Германија размислува за евакуација на своите државјани од Кина

Германија размислува да ги евакуира своите државјани од провинцијата Хабеи, од каде што почна новиот коронавирус, изјави германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

„Размислуваме за евентуална евакуација на сите Германци кои сакаат да заминат“, рече Мас на прес-конференција.

Тој додаде дека во текот на денот претставници на германската амбасада во Пекинг ќе пристигнат во Вухан, кинескиот град каде што почна епидемијата, за да им помогнат на германските државјани кои се таму.

Мас рече дека Германците треба да избегнуваат да патуваат во Кина освен ако тоа е апсолутно неопходно.

Неговата портпаролка рече дека нема индикации дека германските граѓани во Вухан се заразени со коронавирусот.

Во Вухан живеат околу 90 Германци.

Треба да знаете
Последни објави