Search

Мастерсот во Рим презакажан за септември

Мастерс тенискиот турнир во Рим би можел да се игра во септември. Заради пандемијата со корона вирусот променета беше и одлуката за играње на вториот грен слем турнир и тој наместо во мај ќе се игра од 20. септември. Исто така се откажани и останатите турнири на земејна подлога, а организаторите на мастерсот во Рим сметаат дека најдобро турнирот да се игра во септември.

-Нашиот план е турнирот да се одржи. Кога би пронашле термин пред Ролан Гарос, тоа би било идеално. Подготвени сме дури и да ја промениме подлогата и местот на одржување, но најмногу би сакале да се одржи во Рим, изјави претседателот на тениската федерација на Италија, Анџело Бинаги.

Треба да знаете
Последни објави