Search

Масовното судењето во Бахреин причина за загриженост – ОН

Извршната директорка на агенцијата за родова еднаквост и права на жените на Обединетите нации, Мишел Башеле, во четвртокот изјави дека е загрижена дека масовното судење во Бахреин, со кое на 138 лица им беше одземено државјанството оваа недела, не ги исполнило стандардите за фер судење.

Судот во Бахреин во вторникот осуди 139 лица под обвиненија за тероризам и им го одзеде државјанството на сите освен еден од нив, изјави јавниот обвинител.

„Постои сериозна загриженост дека судските постапки не ги почитуваат меѓународните стандарди за фер судење, со голем број лица, наводно, обвинети во отсуство“, рече Башеле во своето соопштение. Одземањето на државјанството може да има сериозни последици во секојдневниот живот, вклучувајќи го и губењето на правото на здравствена заштита, образование и слобода на движење, додаде таа.

Треба да знаете
Последни објави