Search

Масовна тепачка меѓу мигранти во Сараево, користеле и ножеви

Синоќа, околу пет минути по полноќ, се случила голема тепачка меѓу мигранти во Сараево, пренесува хрватски „Индекс“.

Четири лица се повредени, а еден мигрант се здобил со убодна рана од нож. Болнички извори за локалните медиуми откриле дека станува збор за полесни повреди.

Конфликтот се случил во населбата Храсно, во близина на деловниот и станбен облакодер „Босмал“.

На терен интервенирале брза помош и полиција.

Треба да знаете
Последни објави