Search

Масовна акција за чистење на Јадранската магистрала во Визбегово

Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започнаа акција за генерално чистење на Јадранската магистрала во скопската населба Визбегово. Акцијата се одвива на потегот од Словенечка кон Момин поток, а во нејзината реализација се ангажирани 35 работници на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, додека од механизацијата се употребуваат специјални комунални возила – патарки, метларки и кипери. Поради поволните временски услови, се спроведува и машинско миење на Јадранската магистрала со автоцистерна.

Акцијата ќе продолжи во текот на целиот викенд, а во неа земаа учество и екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Улици и патишта“.

 

Треба да знаете
Последни објави