Search

Масовен протест во Москва, маскирани полицајци ја привеле организаторката

Десетици илјади жители на Москва денеска го организираа најголемиот политички протест во Русија последниве години, барајќи слободни избори во градот.

Како што пренесуваат светските медиуми, Русија не доживеала опозициски демонстрации од вакви размери уште од периодот 2011 – 2013 година, кога демонстранти излегоа на улиците поради наводни изборни измами.

Неколку часа пред почетокот на протестите, полицијата ја уапси главната опозициска активистка и организаторка на демонстрациите, Љубов Собол, којa штрајкува со глад.

Маскирани полицајци упаднале во нејзината канцеларија, а полицијата соопшти дека имала информации оти Собол и други активисти планирале да направат провокација за време на протестот.

Демонстрантите минуваа низ детектори за метал, носејќи транспаренти и знамиња на четвртиот протест во период од еден месец, барајќи кандидатите од опозицијата да се вратат во изборната трка на локалните избори закажани во септември.

Градските власти го одобрија денешниот протест, за разлика од минатиот викенд, кога полицијата уапси повеќе од 1.000 луѓе, некои насилно, на протестот кој беше нелегален.

Групата „White Counter“ тврди дека на денешниот протест се собрале околу 40.000 луѓе, а полицијата пребројала околу 20.000 учесници.

Треба да знаете
Последни објави