Search

Маск донирал повеќе од 1.200 респиратори за калифорниските болници

– Елон Маск, сопственик на автoмобилската компанија „Тесла” и „СпејсИкс” откупил повеќе од 1.200 респиратори, апарати за механичка вентилација на бели дробови, за државата Калифорнија.

Ова синоќа го кажа гувернерот на сојузната држава, Гавин Њусам.

-Тие се веќе испорачани во Лос Анџелес. Тоа е херојска постапка, изјави гувернерот.

Како што потоа појасни Маск, не се работи за апарати произведени од неговата компанија, туку за 1.255 респиратори откупени од разни производители во Кина.

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на прес по повод борбата со коронавирусот изјави дека Фејсбук и други технолошки компании ќе донираат вакви апарати „таму каде што е најпотребно.”

Треба да знаете
Последни објави