Search

Маскирани напаѓачи украдоа гласачки машини во североисточна Индија

Околу 500 маскирани мажи со огнено оружје и мачети ги нападнаа индиските изборни претставници во североисточниот дел на државата, по што ги украдоа компјутеризираните машини за гласање, изјавија официјални лица во средата.

Изборите во Индија, кои траеа речиси шест недели, завршија во неделата и во голема мера беа мирни.

Но, политичките партии што се спротивставија на сојузот на премиерот Нарендра Моди, наводно манипулирале со машините за гласање и ги заплашувале изборните претставници во изолираните области од земјата.

Регионалниот судија Ридо Тарек рече дека тим официјални лица бил фатен во заседа во неделата додека патувал кон едно од избирачките места. Некои од напаѓачите почнале да пукаат, но немало жртви, соопшти полицијата.

„Околу 500 криминалци го нападнаа нашиот тим, а исто така почнаа и да пукаат, иако никој не беше повреден“, изјави генералниот инспектор на државната полиција, Сунил Гарг.

Тимот беше на пат кон изборната единица Колорианг, каде што во вторникот требаше да се одржи повторно гласање по обвинувањата за неправилности за време на гласањето во април. Гарг нагласи дека гласањето се одржало откако бил испратен нов тим со гласачки машини.

Изборната комисија соопшти дека добила неколку поплаки за обиди за манипулирање со машините за гласање и во други делови на земјата, оценувајќи ги како невистинити.

Треба да знаете
Последни објави