Search

(Видео) Масакар во Шри Ланка: Најмалку 137 загинати во терористички напади во цркви и во хотели

Најмалку 137 лица загинаа, а над 200 други се ранети при неколку експлозии во три цркви и три хотели на Шри Ланка, јави ДПА. Meѓу загинатите има и голем број на странци.

Според полициски извори, речиси исто времено одекнале експлозии за време на велигденската миса во католичка црква „Свети Ентони” и во три хотели со пет ѕвезди во главниот град на Шри Ланка, Коломбо.

Покрај овие, експлозии имало и во црквата „Свети Себастијан” во местото Негомбо, на 30 километри од Коломбо, како и во црква во Батикалоа, на 250 километри источно од главниот град на земјата.

Експлозиите во хотелите „Синамон Гранд”, „Кингбари” и „Шанги-Ла„ во центарот на Коломбо ги потврдија и две туристички агенции чии гости престојувале во овие објекти.

Засега никој не презеде одговорност за експлозиите.

Ова е прв сериозен бомбашки напад во Шри Ланка од завршувањето на конфликтот меѓу властите во Коломбо и сепаратистичката група Ослободителни тигри на тамилскиот Елам (ЛТТЕ) во 2009 година.

Треба да знаете
Последни објави