Search

Марјан Србиноски тешко повреден во сообраќајка

Поранешниот селектор и актуелен тренер на Гостивар, Марјан Србиноски се наоѓа во болница во Тетово откако заработи тешки телесни повреди во сообраќајна незгода која се случила на автопатот Гостивар – Тетово, дознава СпортМедиа. Тој со своето возило излетал од патот и удрил во бандера.

-На 16.06.2019 година во 4 часот на автопатот Гостивар – Тетово, кај клучката Жеровјане, патничко возило „Фолксваген Пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.С.(44) од Гостивар, излетало од патот и удрило во бандера за улично осветлување. Во незгодата со повреди се здобил возачот М.С. и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Тетово, каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово“, велат од МВР.

 

Треба да знаете
Последни објави