Search

Марш на коалицијата „Излези ЗА! Европска Македонија” во Скопје

Марш на коалицијата „Излези ЗА! Европска Македонија” во Скопје

Со траспарент и беџови „Излези ЗА! европска Македонија”, со македонски и знамиња на ЕУ во Скопје се одржува маршот на поддржувачите на Коалицијата “ЗА европска Македонија”.

Со транспарентот „Излези ЗА! европска Македонија” граѓаните ги предводеа премиерот Зоран Заев, претседателот на Собранието Талат Џафери, министрите Никола Димитров, Радмила Шекеринска и Оливер Спасовски, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Собирот е пред седиштето на Делегацијата на ЕУ во Македонија, а започна со интонирање на македонската химна и на Одата на радоста.

Во Скопје за маршот организирано со автобуси пристигнаа граѓани од цела Македонија.

Треба да знаете
Последни објави