Search

Марш за Денот на параплегијата и дистрофијата во Скопје

Денот на параплегијата и дистрофијата денеска беше одбележан со марш организиран од Националниот сојуз на лица со попреченост „Мобилност”, под слоганот „Силата не е во чекорењето, силата е во издржливоста!”

Неколку години по ред, секцијата за параплегија и дистрофија при огранокот „Мобилност Скопје” го организира Денот на параплегијата и дистрофијата. Учесниците маршираа од Порта „Македонија” до седиштето на „Мобилност”. Целта на овој настан е да се подигне јавната свест и да се потсетат властите за унапредување на правата на оваа категорија граѓани.

Организаторите сметаат дека многу малку е направено во таа насока.

Претседателот на огранокот „Мобилност Скопје” Дејан Ѓорѓиевски изрази жалење и за минималната заинтересираност на медиумите за овој настан.

Параплегија е моторна или сензитивна парализа на долниот дел од телото. Ова е еден од најтешките видови телесна попреченост.

Дистрофија е невромускуларна болест која се одликува со брза прогресија на слабеење на мускулите и дегенерација на скелетните и срцеви мускули.

Треба да знаете
Последни објави