Search

Мартинс: Ситуацијата во таборот на Вардар нема да не опушти

Македонскиот, регионалниот и европскиот ракометен првак Вардар утре (16 ч.) во 13. коло од групата ќе има пресметка со португалскиот Порто за петтата позција во групата Б од Лигата на шампионите и можноста да добие „полесен“ ривал во нокаут фазата. Во пресрет на дуелот со Порто, играчот на португалскиот шампион Мигел Мартинс потенцира дека не треба да ги залажува ситуацијата во таборот на македонскиот тим.

-Сега ќе биде многу поинаку за разлика од дуелот во Скопје (32:27 за Вардар н.з.). Играме на домашен терен и за нас ова ќе биде финале, затоа што сакаме да завршиме на петата позиција во групата на табелата. Затоа Вардар мора да падне. Знаеме дека се во проблеми, но тоа не треба да нè залажува. Знаеме колку е тешко да се победи европскиот шампион. Нè чека голема борба, а ќе биде доста интересно затоа што и тие играат напад „седум на шест“, вели Мартинс.

Вардар во пресрет на завршницата од групната фаза во Лигата на шампионите остана без двајца клучни играчи, летонскиот „џин“ Даинис Кристопанс и рускиот интернационалец Павел Атман. Тоа не им беше проблем на „црвено-црните“ во првиот меч од продолжението на сезоната во 12. коло од групата Б, да го „демонтираат“ украинскиот Мотор Запорожје (38:28) и да го верификуваат настапот во нокаут-фазата.

Треба да знаете
Последни објави