Search

Мартинез останува селектор на Белгија до 2022 година

Шпанскиот фудбалски стручњак, Роберто Мартинез ќе продолжи да ја тренира репрезентацијата на Белгија. Четириесетгодишниот Шпанец и раководството на  Белгиска фудбалска асоцијација денес го продолжија договорот до 2022 година.

Претходно беше прецизирано дека договорот ќе важи до крајот на Светското првенство 2022 година во Катар.

Мартинез е тренер на репрезентацијата на Белгија од 2016 година. На СП 2018, тимот под негово водство стигна до бронзен медал.

Белгијците најавија проширување на соработката со Мартинез со видео на кое капитенот на тимот, Еден Азар игра ФИФА на плејстејшен.

Треба да знаете
Последни објави