Search

Мартинез: Навивачите на Реал ќе видат сосема поинаков Азар

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез силно верува во квалитетот и способностите на фудбалерот од средниот ред Еден Азар.

– Азар го доживува најдобриот период во кариерата. Бев изненаден од неговата психичка и физичка состојба во јуни. Навивачите на Реал Мадрид ќе видат сосема поинаков Азар. Тој е опседнат со идејата да успее. Не размислува за промена. Сака да го освои Светското првенство. Кога имате играч кој може да го промени текот на играта, што и да се случи, сè е на подобро, изјави Мартинез за „Cadena SER”.

Азар во Реал дојде како големо засилување, но не успеаа да ги исполни очекувањата на управата и навивачите. Тој често се повредуваше и пропушти најголем дел од натпреварите на „кралскиот клуб”.

Пред доаѓањето во Реал во 2019 година, Азар играше за Челзи седум години, а негов прв клуб е Лил.

Треба да знаете
Последни објави