Search

Мартина „ја промени расата”, сега тврди дека ќе раѓа црни бебиња

Германката Мартина Биг (30) е поранешна стјуардеса која стана популарна поради бројните пластични операции. Откако повеќе пати ги зголеми градите и потроши 67 000 евра на операции, таа тврди дека нејзините гради сега се „најголеми во Европа”. Покрај тоа, Мартина, исто така, ја промени бојата на кожата, бидејќи, вели таа, всушност е Африканка. Иако е родена со бел тен, таа доби многу потемна боја со помош на инјекции за потемнување во текот на годините.

Таа најави дека сака да го среди носот за да изгледа повеќе „африкански” и сака да стави импланти во задникот од по 1,5 килограм.

Неодамна помина седум недели во Кенија за да дознае повеќе за африканската култура.

„Моите деца ќе бидат црни. Зборував со моите доктори за да видам дали моето тело е здраво и дали можам да дојам и како ќе изгледаат моите деца “, изјави Мартина во интервју за ИТВ.

„Не разбирам како е тоа генетски можно”, кажа водителката Холи Вилоби. Мартина продолжи со својата исповед. „Мојата кожа станува сè потемна и мојата коса се менува, станува потемна и виткана”, вели Биг. Во интервјуто, профилите на Мартина на социјалните мрежи беа полни со коментари. Ова е најрасистичкото и најурнебесното нешто што некогаш сум го видела”, напиша една следбеничка.

Треба да знаете
Последни објави