Search

Марсело: Со победи како оваа кај Алавес, се освојуваат титули

Реал Мадрид се провлече на гостувањето кај Алавес, и победи со 2:1, со што го одржа чекорот во трката за титулата во шпанското фудбалско првенство.

Головите за Реал ги дадоа дефанзивците Серхио Рамос и Даниел Карвахал во второто полувреме, откако на напаѓачите не им одеше на силниот дожд и лизгавиот терен. Во минатата сезона, Реал освои само еден бод на четирите гостувања во покраината Баскија, а сега веќе има шест бода.

„Со победи на вакви мечеви се освојуваат титули. Успеавме да ги надминеме сите удирања, фаули, дождот, студот. Сите даваат максимум кога играат против Реал Мадрид, имавме позитивна реакција после изедначувачкиот гол на Алавес” – рече бекот Марсело. 

Треба да знаете
Последни објави