Search

Марсело им одговори на „злите јазици“: Невозможно е да играте фудбал со седум килограми повеќе

Бразилецот Марсело дефинитивно ги минува најтешките моменти како играч на Реал Мадрид, бидејќи во последно време наиде на безброј критики од јавноста, а исто така го загуби и стартното место од младиот Регилон.

Искусниот дефанзивец, откри дека тој бил првиот кој дознал дека Кристијано Роналдо ќе си замине од Реал Мадрид, но исто така, го искористи ова интервју и за да им одговори на критичарите кои велат дека Бразилецот игра во ужасна форма поради тоа што има седум килограми повеќе од потребното.

– На таквите шпекулации не гледам како вест бидејќи тоа е една вистинска лага. Медиумите знаат да измислуваат вакви работи за да му направат штета на еден професинален фудбалер. Невозможно е да играте фудбал со седум килограми повеќе, – порачува Марсело.

Треба да знаете
Последни објави