Search

Мароко спречи три мигрантски брода да отпловат кон Европа

Мароканските власти денеска соопштија дека спречиле три брода со мигранти да преминат во Европа и уапсија 40 лица кои се обиделе да ја преминат оградата во шпанската северноафриканска енклава Мелиља.

Властите соопштија дека морнарицата ги спречила бродовите, во кои се наоѓале 117 мигранти, да отпловат преку Медитеранот.

Засега не е познато каде се одведени мигрантите од бродовите.

Во меѓувреме, полициски службеник во северниот марокански град Надоро изјави дека вчера се уапсени 40 мигранти додека се обидувале да се протнат преку жичаната ограда во Мелиља.

Друга група од 52 мигранта успеала да премине во Шпанија.

Мароканските власти оценија дека станува збор за најголем обид за премин на границата во Мелиља од октомври.

Во судирите се повредени седум припадници на обезбедувањето и двајца мигранти. Сите се префрлени во провинциската болница во Надоро.

Треба да знаете
Последни објави