Search

Мароканка обвинета дека го убила, распрчила и зготвила своето момче

Во Обединетите Арапски Емирати уапсена е Мароканка која се сомничи дека брутално го убила своето момче, пренесе агенцијата „Асошиетед прес“ (АП).

Обвинителите ја товарат за убиство на нејзиното момче, чие тело потоа го распарчила и го зготвила, на крајот послужувајќи го како оброк за пакистански работници. Неговите остатоци, Мароканката ги послужила како традиционален оброк со ориз и месо познат како макбус, јавува АП.

Националните медиуми во Абу Даби пренесоа дека жената била уапсена под сомнение дека го убила момчето со кого била во врска седум години, откако тој ѝ кажал дека планира да се ожени со друга.

Според медиумите, човекот бил убиен пред три месеци, но злосторството било откриено во последните неколку дена откако неговиот брат почнал да го бара. Тогаш во блендерот на девојката од својот брат пронашол човечки заб. Полицијата објави дека на жената ќе и се суди откако ќе биде спроведена целосна истрага.

Треба да знаете
Последни објави