Search

Мармалад од тиква

Тиквата е есенски плод и е богата со витамини и минерали, а посебно со фолна киселина. Израдувајте ги домашните со овој вкусен мармалад.

 

Потребно е (за две теглички од по 375 мл):
500 гр исчистена тиква
300 гр исчистени кисели јаболки
200 гр портокали со кора (непрскани)
100 гр исчистени дуњи
500 гр шеќер
сок од 1 лимон

Подготовка:

– Овошјето исечете го на мали парчиња и ставете го во едно поголемо тенџере. Сипете околу 100 мл вода и ставете да се вари на висока темпераура околу 5 минути, од моментот кога ќе почне да врие.

– Сега овошјето во тенџерето изблендирајте го со рачен блендер, додадете го шеќерот и оставете да се вари на помала температура околу 1 час (должината на варењето зависи од дијаметарот на тенџерето).

– Мармаладот е готов кога при мешање ќе го видите дното на тенџерето. Тогаш додадете го сокот од лимон и варате уште неколку минути.

– Готовиот мармалад сипете го во стерилизирани врели тегли.

Треба да знаете
Последни објави