Search

Маркизио се договорил со Монако

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Клаудио Маркизио се согласи да се пресели како слободен агент во француски Монако, откако во јули го напушти рускиот Зенит (Санкт Петербург).

Триесет и три-годишниот дефанзивец во неколку наврати рече дека ќе игра само за „бјанконерите” во Италија, со кои има 389 натпревари меѓу 2006 и 2018 година, освои седум титули и два пати играше во финалето на Лигата на шампионите.

Монако бара да се засили на средина на теренот за новата сезона, откако нема победи во првите четири кола во Лига 1 – 2 реми и 2 порази.

Треба да знаете
Последни објави