Search

Маркез казнет, пол позиција за Зарко

Возачот на „Монстер Јамаха“, Јоан Зарко ќе ја почне трката за Големата награда на Малезија во Мото ГП од стартната позиција, откако Марк Маркес е казнет за намерно забавување на Андре Јаноне.
Возачот на „Хонда “ и новиот шампион имаше најдобро време во квалификациите на дождливото време и откако падна па се врати на патеката Сепанг. Сепак, при тоа му попречи на Италијанецот, кој се најде во неволја па Маркес, откако сфати дека згреши  дигна рака за да се извини .

Поради грешката, Маркес доби казна и трката ќе ја почне од седмата позиција.

Во првиот ред со Зарко ќе возат Валентино Роси и Јаноне.

Треба да знаете
Последни објави