Search

Маричиќ-Тигањ: Хрватска помош за преговорите со ЕУ

Зајакнување на билатералната соработката помеѓу Република Северна Македонија и Република Хрватска во делот на областа правосудство беше главната тема на денешната средба на министерот за правда Бојан Маричиќ со хрватската амбасадорка Нивес Тигањ.

Министерството за правда на Република Северна Македонија и преговарачкиот тим за почеток на преговорите со ЕУ ќе добие хрватска помош за градење на капацитетите за водење на преговорите во делот на Поглавјето 23: Правосудство и темелни права, информираат од Министерство за правда.

Министерот Маричиќ се заблагодари за пријателската поддршката од Република Хрватска на патот на евроинтеграција на Северна Македонија и дополни дека хрватското искуство во процесот на евроинтеграции ќе биде исклучително значајно и корисно во преговорите со ЕУ. 

Треба да знаете
Последни објави