Search

Маричиќ со осуда за бруталното однесување на полицијата врз Роми

Министерот за правда Бојан Маричиќ го осуди бруталното однесување на полицијата врз групата Роми и очекува брза и одлучна акција во насока на санкционирање на сторителите.

– Нашата осуда е искрена и силна. Драго ни е што Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во МВР ги идентификува сторителите согласно видеото и очекуваме брза и одлучна акција во насока на санкционирање на овој случај. Мислам дека ниту говорот на омраза, ниту насилството кон кој било граѓанин, не може да се оправда. Напротив треба да се осуди и да се санкционира и сигурен сум дека системски ќе реагираме за тоа да не се повтори. Случајот е во рацете на МВР и понатаму на Обвинителството и другите институции, изјави Маричиќ, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција во Владата.

Претходно, бруталноста на полициските службеници врз Роми, што беше објавена на видео на социјалните мрежи, ја осуди и премиерот Зоран Заев.

– Таквото однесување е срамно за полицијата, ја заслужува осудата која пристигна од јавноста, напиша Заев на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави