Search

Маричиќ се сретна со новинарката Смилевска, се заложил преку измени во Кривичниот законик да се зголеми заштитата на новинарите

Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска се сретна со новинарката на „Ал Џазира”, Милка Смилевска која беше нападната на минатонеделниот протест.

Министерот, како што попладнево соопшти ресорното Министерство, изразил жалење за овој настан и потенцирал дека ваквите напади ја загрозуваат слободата на известување на медиумите и не се добри за едно демократско општество, а негативно се одразуваат и врз имиџот на државатa.

Маричиќ очекува институциите да постапат по овој случај со што ќе испратат порака ваквите напади да не се повторуваат во иднина врз други новинари и медиумски работници.

Министерот најавил дека ќе направи максимални напори преку законски измени во Кривичниот законик да се зголеми заштитата на новинарските екипи, во однос на одредбите кои се однесуваат на спречување или напад на новинар во вршењето на професионалната дејност. Во однос на ова праашње, министерот Маричиќ најавил дијалог со синдикатите на новинари и медиуми.

Треба да знаете
Последни објави