Search

Маричиќ: Премиерот после овие избори сигурен сум дека ќе го даде СДСМ

Во вечерашната емисија Еуро фокус на ТВ Телма, во дебатата Бојан Маричиќ, национален координатор за европски интеграции ги изнесе меѓу другото и своите ставови и околу новиот мандатар и формирањето на новата влада по изборите кои ќе се одржат на 15 јули.
-Пред се сакам да ја искоментирам тезата на г. Османи околу балансот и инклузивноста.
Значи, премиерот Заев додека беше премиер во Владата, многу пати подал рака кон опозицијата за прашањата поврзани со европските интеграции. Имаше посебна лидерска средба со понуда, во тој момент, пред референдумот за Преспанскиот Договор за широка Влада, беше одбиена. За многу законски проекти директно сме преговарале и сме постигнувале договор, за многу не сме успеале да постигнеме договор. Меѓутоа не недостасувала подадена рака од СДСМ и од Зоран Заев, така што тоа не фалело, она што фалело е подготвеност на опозицијата да влезе во тој процес. Исто така ДУИ може да даде вреден придонес, има веќе важни ресори, Животна средина, Европски интеграции, Економија… и мислам дури дека може и г. Насер Зибери да заземе некои  од тие позиции, не е спорно тоа. Меѓутоа премиерот после овие избори, сигурен сум дека ќе го даде СДСМ и тоа ќе биде Зоран Заев.
Ние, не ни беше целта да има двојство во создавање на овој систем. Целата ни беше да има комплементарност, таму каде што Секретаријатот за европски прашања нели е главниот во тие европски интеграции, таму каде што е потребна помош и поддршка од кабинетот на премиерот, таа поддршка да ја има бидејќи постојат моменти кога навистина треба да има заеднички притисок кон институциите да работите течат побрзо, и во тоа нема ништо спорно.
Треба да знаете
Последни објави