Search

Маричиќ на ТВ 24: Мицкоски најавува бојкот, а тој бараше попис во 2021 година

„Малку е невообичаено да слушаме дека една партија (ВМРО ДПМНЕ) ќе го бојкотира пописот. Пописот се перцепира како да се избори. Ние се обидуваме со предлог законот, овој, и секој нареден попис, да не бидат тешки политички прашања. Предложениот закон е, дека конечно после 20 години мораме да направиме попис. Три месеци преговаравме, и тогаш ВМРО ДПМНЕ предложи да се вратиме на Државна пописна комисија, онаа која во 2011-та го пропадна започнатиот попис. Затоа пописот не може да биде политичко прашање.“ – изјави Бојан Маричиќ, министер за правда, на телевизија 24.
Тој откри дека ВМРО ДПМНЕ имале низа забелешки, но дека ниту една не им била издржана.
„Имавме ние забелешки од ВМРО ДПМНЕ околу 20, но тие или не беа изводливи или не враќаат кон стариот модел, со тоа на крајот пак ќе оставиме политичарите да одлучуваат последни што е точно, а што не е при изведување на пописот. Ние сакаме попис со пониски трошоци, со целата современа опрема која ни стои на располагање и да имаат можност сите да бидат попишани, за да ја знаеме точната бројка колкумина живеат тука, колкумина надвор. Последниот пат на лидерска средба, Мицкоски бараше во 2021 да биде пописот, еве со овој закон тоа се предвидува. Ако пописот не е на пролет, ќе ја скокнеме следната година затоа што есента имаме локални избори. Така ќе дојдеме до 2022 години и повторно ќе бидеме несериозни во однос на важноста на статистичките податоци.“- коментираше Маричиќ.
Треба да знаете
Последни објави