Search

Маричиќ на Алсат: Маршот на ВМРО ДПМНЕ е за амнестија на криминалот

„Денешниот протест на ВМРО ДПМНЕ е протест на мафијата и е протест за амнестија. Кога мафијата на ВМРО ДПМНЕ сфати дека нема да им успее да го спречи носењето на Законот за Јавно обвинителство, бара начин како да го компромитира процесот и да се спаси од случаите во кои одговараат. И не е случај само Антонијо Милошоски, туку и во емисијава во која дебатираме имаме адвокат Панче Тошковски кој е бранител на обвинетите во предметите на СЈО. Значи сите во ВМРО ДПМНЕ имаат личен интерес да го уништат овој процес и затоа протестот е трагикомичен”- анализираше секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ, во емисијата „ 200 ” на Алсат телевизија.
Тој ги обвини ВМРО ДПМНЕ дека немаат мерка колку лаги можат да изустат само за да ја извртат вистината во своја корист.
„Ние протестиравме против заробената држава од страна на правосудството, денешниот марш е марш за амнестија, се борат само за спас на сопствената кожа. Овој марш е за амнестија на Груевски.  Ниту еднаш нивниот лидер не се дистанцираше од настаните на 27 април, уште насилниците ги викаат бранители на уставот, никогаш не рекоа дека овие луѓе се одговорни. ВМРО-ДПМНЕ треба да сфати дека власта не е тука за да гони, тоа го прават обвинителството и судството, тоа клучната разлика од тогаш до денес”- изјави Маричиќ.
Треба да знаете
Последни објави