Search

Маричиќ: ЕУ одобри 53 милиони евра за проекти за енергетиката и животната средина за Македонија

Фејсбук статус на Бојан Маричиќ, заменик-претседател задолжен за европски прашања

-Денес добив одлична вест од Брисел која веднаш ја споделувам со вас, граѓаните.
Европската комисија одобри 53.015.968 евра за Северна Македонија, за три нови проекти за спроведување на Економскиот и инвестициски план за Западен Балкан и тоа:
– Реновирање на шест хидроцентрали;
– Изградба на ветерен парк во Богданци;
– Изградба на регионални центри за цврст отпад во Полог, Пелагонија, Вардар, Југо-западен и Југо-источен регион, во соработка со Европската банка за обнова и развој.
Европските фондови и странската донаторска помош е од огромно значење за енергетската независност и за заштита на животната средина, две области кои носат сериозно подобрување на квалитетот на живот за македонските граѓани.
Како Национален ИПА координатор потенцирам дека ова е помош за државата да ги изведе реформите и побрзо и полесно да ги достигне европските стандарди, преку подобрување на животната средина и подобрување на инфраструктурата.

Треба да знаете
Последни објави