Search

Маричиќ: Ако ВМРО ДПМНЕ беше во право за пописот ќе го завршеше тој во 2011 година

„Зошто е проблематично, со најсовремени методи, по електронски пат да се внесат сите податоци и така да ги добиеме неопходните параметри за населението во државата. Ако имаме изјави дека етничките права на етничките заедници нема да се доведат во прашање без разлика колкави се процентите на една заедница, тогаш зошто се опструира процесот? Значи и Мицкоски имаше таква изјава дека етничките права еднаш стекнати, не треба да се намалуваат без разлика на исходот на пописот.“- коментираше министерот за правда, Бојан Маричиќ, на телевизија 24, зборувајќи за обидите на ВМРО ДПМНЕ да го одложи пописот, со крајна цел и да не се одржи. Маричиќ изрази разочарување зошто ВМРО ДПМНЕ не му верува на Заводот за статистика, органот кој цело време води статистики и управува со бројки. „Да беше ВМРО ДПМНЕ во право ќе го завршеше пописот во 2011-та. Затоа сакаме да ги избегнеме методите од тоа време, туку на еден нов, современ начин да се преброиме, а при тоа бројките да се точни, веродостојни и да користат за креирање политики. Знам дека на ВМРО ДПМНЕ му оди во прилог да се исполитизираат сите процеси, но за пописот не може така да зборуваме. Целта на законот е да имаме успешен попис, а ќе имаме ако ги тргнеме на страна политичките партии. Тоа што го сака ВМРО ДПМНЕ е да се вратиме назад и пак да немаме веродостоен и ефикасен попис. Мислам дека треба да им се даде шанса на институциите да го завршат пописот, а не да се оптоваруваме со процентите. Легитимно е да ги попишеме сите, да ги споредиме податоците и да дојдеме до заклучок дали преземаме исправни политики. Исцрпени се сите дебати, имаме закон, а ако отвораме преговарачки процес уште две години ќе немаме попис.“- заклучи Маричиќ.

Треба да знаете
Последни објави